ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Убаво си рече Ѓорѓевиќ…

Убаво си рече Ѓорѓевиќ…

сподели
FIBA

Кога исчезнаа сите надежи за медал на Светското првенство во Кина, српската репрезентација ги израдува домашните навивачи со победата против САД, во првиот меч од борбата за пласман од петтата до осмата позиција.

За нивна жал, натпреварот немаше никакво значење, освен тоа кој ќе биде поблиску до врвот, бидејќи за пласман на Олимписките игри, ќе мораат да се поминат дополнителни квалификации идното лето.

Сега, кога се знае се, излезе дека српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ бадијала бил критикуван за неговата надменост пред Мундобаскетот и онаа легендарна изјава „Ако се сретнеме со Американците, Господ да им е напомош“ иако по победата над САД рече дека не мислел ништо лошо.

„Не сакав да навредам, ниту да омаловажам некого. Тоа го реков за да им ја зголемам самодовербата на моите кошаркари и да направам да се чувствуваат посигурни.

Секој натпреварувач има слобода на говор, може да каже што сака што мисли дека е добро за него и неговиот тим. Покажавме дека сум бил во право“, изјави Ѓорѓевиќ.

На своја страна Американците имаат неколку можни изговори за поразот од Србија. Прво, играа за место кое е далеку од пиедесталот, очигледно без мотивација и со неколку повредени кошаркари дури и во овој „трет“ тим и второ, имаа едвај 20-тина часа за одмор по поразот од Франција, за разлика од Србија која со Аргентина се сретна ден порано.