Екипата на Хувентуд и Ненад Димитријевиќ се елиминирани во четвртфиналето на шпанскиот шампионат, откако во мајсторката загубија со убедливи 94:73 во Палау Блауграна.
Нашиот плејмејкер имаше учинок 10 поени (4/7, 0/2, 2/2), 6 асистенции и 1 скок, за 23 минути на паркетот. Во полуфиналето, Барселона ќе игра против екипата на Тенерифе.
На другата страна, Реал Мадрид славеше против Гран Канарија со 2:0, а Валенсија го елиминира шампионот Басконија со 2:1, за меѓусебно соочување во 1/2 финалето.
