Во новата генерација (2021) на славни имиња од историјата на кошарката, кои ќе бидат инаугурирани во „Куќата на славните на ФИБА“, се три големи личности кои оставиле длабок печат во развојот на оваа прекрасна игра.
Едниот е Светислав Пешиќ, кој е дел тренерите што ја изградија кошарката, онаква каква што е денес, патем освојувајќи многу пехари, од кои ќе ги издвоиме светската титула со младинците на Југославија (У-19, 1897) во Бормио, европската титула со Германија (1993), светското (2002) и европското злато (2001) со СР Југославија, како и европските клупски круни со Босна (играч, 1979) и со Барселона (тренер, 2003).

foto: FIBA
Стив неш е дел од играчите кои никогаш не се закитија со прстен или титула во НБА лигата, но кој остава зад себе наследство во бројки, какво што ретко се гледа. Сега има шанса со екипата на Бруклин, која врие од Ол-Стар играчи, да дојде до титулата барем како тренер.

foto: FIBA
Александер Волков е поранешен советски, односно украински играч, кој беше дел од славната генерација која на ЛОИ 1988 година прво ги победи во 1/2 финалето Американците, за потоа да ја совлада Југославија и да се закити со златниот медал, втор и последен за СССР (1972), еден од само 4 (Југославија 1980, Аргентина 2004) што не го освоиле Американците (15).

foto: FIBA
Оваа тројка, со уште 9 други заслужни имиња за развојот на кошарката, меѓу кои ќе биде и поранешниот југословенски и словенечки репрезнетативец Јуриј Здовц, ќе ги добие почестите на 18-ти јуни 2021, на дигитална церемонија поради пандемијата корона.
