ПОЧЕТНА НБА Трет супертим во ЛА, со никнејм Треилблејзерс

Трет супертим во ЛА, со никнејм Треилблејзерс

сподели
NCAA BK - NBC Sports

Училиштето Сиера Кењон кое што се наоѓа во градот Лос Ангелес и е познат расадник на кошаркарски таленти во поновата историја, следната сезона ќе ги има во своите редови синовите на Леброн Џејмс и Двејн Вејд.

За ова средно училиште ќе играат Брони Џејмс и Заир Вејд. Никнејмот на школската екипа е ист како оној на НБА франшизата од Портланд, Треилблејзерс.

Сиера Кењон е во обид да ја освои третата последователна титула во оваа конкуренција, откако минатата сезона триумфира со Скоти Пипен Јуниор и Кенион Мартин Јуниор, синовите на познатите НБА ѕвезди.