ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФОТО: Тренерските величини му беа гости на Лечиќ

ФОТО: Тренерските величини му беа гости на Лечиќ

сподели
Душан Ивковиќ (КФСМ)

Легендарниот Душан Дуда Ивковиќ, заедно со (нашиот следен селектор???) Октај Махмути и Ненад Труниќ, беа предавачите на тренерскиот семинар Лазар Лечиќ.

Семинарот беше задолжителен за сите кошаркарски тренери кои ќе водат тимови во домашното натпреварување во организација на КФСМ.

Октај Махмути (КФСМ)

Тренерите кои не присуствуваа на првиот задолжителен семинар за тренерската лиценца ќе платат двојно од лиценцата за која аплицираат.

Oтсуство од вториот задолжителен тренерски семинар, значи и автоматско одземање на тренерската лиценца за претстојната сезона.

Ненад Труниќ (КФСМ)

Тренерскиот семинар се одвиваше во конгресната сала при СЦ Борис Трајковски во Скопје, а покрај предавањата имаше демонстративни тренинзи во малата сала.

КФСМ

Семинарот, од оваа сезона го носи името на нашиот легендарен тренер Лазар Лечиќ, кој доби плакета од претставниците на нашата кошаркарска федерација.