Слободни Фрлања е единствено спортско шоу од овој тип во Македонија. Покрај натпреварувачки и забавен, емисијата има и хуманитарен карактер. Секое успешно погодено слободно фрлање вреди 200 денари кои на крај на епизодата вкупно се донираат во добротворни цели.
Во првата епизода ни гостуваше најдобриот кошаркар помеѓу раперите и најдобриот рапер меѓу кошаркарите - Тони Зен. Со Тони поразговаравме за деновите кога играше за МЗТ Скопје, за факултетот за физичка култура, како и за плановите за иднина во време на Ковид-19.
“Крајната цел е само подарок за истрајноста на патеката.” - изјави Зен во свој стил на прашањето дали е поважна целта или самото патување кон истата.
Во оваа епизода беа собрани 3.800 денари кои се донирани на сметка за лекување на малата Илина Блажевска.
Kонтакт:
„Слободни фрлања“ е медиумски партнер со првиот кошаркарски портал во Македонија, basketball.mk. Содржината ја определува стриктно авторот на серијалот и истата е независна од порталот basketball.mk.
