ПОЧЕТНА ЕВРОПА Томиќ поднел оставка на тренерската функција во Звезда

Томиќ поднел оставка на тренерската функција во Звезда

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Раководството и шефот на стручниот штаб на српскиот и АБА шампион одржале состанок на кој се расправало за актуелната ситуација во тимот кој е во мала резултатска криза.

Сосема неочекувано тренерот Милан Томиќ поднел оставка на својата позиција, но претседателот на клубот Небојша Човиќ не ја прифатил, односно веднаш ја одбил со оглед на тоа што актуелниот тренер уште е под договор. По тричасовни преговори Томиќ прифатил да остане и да продолжи со својата работа.

Повеќе детали на оваа тема ќе се знаат утре (22-ри октомври) за кога Човиќ закажа прес-конференција. Следен ривал на Звезда е Барселона во Евролигата, а во текот на викендот „црвено-белите“ ги очекува дуел со Мега во АБА натпреварувањето.