Израелската екипа е приказна сама за себе во рамките на БИБЛ лигата, а тоа добро го знаеше скопската екипа и затоа не се потроши многу во регионалниот меч, со цел да ја сочува силата за приоритетните домашни битки.
ТФТ загуби со 71:105, во последниот меч од групата „Ф“ и со скор 0/4 ја завршува оваа фаза, по која Галил и Берое од оваа, односно Хапоел и Академик од групата „Г“ во која играше Куманово (0/4), одат на ФФ турнирот.
