Екипата од Тафталиџе не е имуна на странските засилувања, но воедно ги почитува и домашните играчи. Во ростерот за следната сезона, тренерот Боро Смилковски и понатаму смета на Иван Сапунџиев.
Кошаркарот кој има 26 години и имаше проблем да најде константна средина, постигна договор со клупската управа и наскоро ќе се парафира договорот кој ќе биде валиден следните две сезони.
