Иако Куманово имаше водство од стартот на натпреварот, со одлична последна четвртина Еуро Никел успеа да го сврти резултатот, за конечен триумф со 78:79.
Овој меч го одбележа мал инцидент во финишот, меѓу тренерот на гостите Горан Самарџиев, кој приговараше за мерењето на времето и член на записничката маса.
Најефикасен играч кај Еуро Никел беше Рикиќ со 25 постигнати поени, додека Ливингстон со 18 поени беше најдобар стрелец кај кумановци (24:20, 19:19, 24:20, 11:20).
