Сите од споменатата тројка оставија длабок печат, како играчи, во историјата на нашиот најтрофеен колектив. Иако тројцата никогаш не се сретнаа на паркетот во иста играчка генерација, најверојатно ќе ја имаат таа прилика како спортски функционери.
Раководството на клубот договори уште еден кошаркар, кој го носеше „црвено-белиот“ дрес. Станува збор за Диме Тасовски. Тој по завршување на оваа сезона одлучи да стави крај на играчката кариера и да се насочи кон тренерската. Сето свое искуство, кое е богато ќе се обиде да го пренесе на играчите кои ќе бидат дел од приказната на тимот од „Градски парк“. – јавува порталот Sportmedia.mk.
Овие најави, се уште се неофицијални.
Тројцата гладијатори, кои биеја беспоштедна битка за секој дрес што го носеа, имаат сизифовска задача – да го вратат шампионскиот колектив на местото кое му припаѓа. Багажот е тежок и валкан, па може само да им посакаме мирни води и многу среќа!
