Екипата на Академија ФМП во првата сезона меѓу прволигашите, покажува зрелост и стабилност на играчки и на организациски план. Тимот од скопската населба Кисела Вода има 10 победи и 8 порази и моментално се наоѓа на втората позиција на табелата.
Овој резултат, реално, не може да биде загрозен дури и кога сите екипи ќе ги одиграат сите натпревари. Во моментов, лигата ни е карам-каша, поради проблемите со короната и со настапите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички во регионалната АБА 2 лига.
Ако некој помисли дека Вардар не е противник со кој може да се мери реалниот квалитет, затоа што тоа е екипа што во минатото работеше со млади таленти, а сега (како и тогаш) има единствена цел – опстанок во елитата (и игра со релативно слаби странци), тогаш треба да се погледне распоредот на „академците“.

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот (архива, фото: Александар Ристовски).
Совладани се во серија Кожув на гости, МЗТ со пресврт од -17 и последен Вардар. Претходно, паднаа најтрофејниот Работчки, залетаниот ТФТ, Куманово и Гостивар, уште четири екипи што претендираат за Топ 6 позициите во првата македонска кошаркарска лига.
Во животот нема ништо случајно и сѐ се случува со причина. Играчите на Александар Петровиќ имаат одлична можност, во премиерната своја елитна сезона, да ги урнат табуата (што некој кај нас сака да ги одржува вечно) и да докажат дека – ИГРА СРЦЕТО, А НЕ ИМИЊАТА!
