Дикембе и Провел имаа 26, односно 23 поени, хрватскиот интернационалец Радош 15 поени од стартната петорка, од која Ташовски не се запиша во листата на стрелците. Од клупата, Крстевски додаде 8 поени, Делоски имаше 6, Ивановиќ постигна 3, а Сила 1 поен.
Кај МЗТ Скопје предводеше единствениот странец Монтгомери со 17 поени, но Зекири имаше 16, Тодоровски 11, Максим Митевски 10, а Дарио Митевски постигна 7 поени од стартерите. Од клупата, Андоновски учествуваше со 16 поени, Стојановски со 2.
