МАКЕДОНИЈА

Стојановски опериран кај фамозниот Шенк

фото: dr-schenk.at

Австрискиот гуру за колена и воопшто за ортопедска хирургија, Д-р Кристијан Шенк го оперирал македонскиот кошаркарски капитен, откако беше утврдено дека му е скинат предниот вкрстен лигамент на левото колено.

Му посакуваме на Војдан Стојановски да се врати што побрзо за продолжување на неговата, за наши услови блескава кариера во интернационалните води и со нашата репрезентација, која во август ќе игра претквалификации за СП.

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот (фото: Архива).

Во изминатите две децении, Д-р Шенк се грижеше за здравјето на многу наши спортисти, особено ракометар(к)ите кои по неговите интервеции, едноставно се враќаа во живот и непречено ги продолжуваа кариерите, со максимални перформанси.

Клиниката на Д-р Кристијан Шенк е светски реномирана и во неа доаѓаат повредени спортисти од целиот свет, кои заминуваат дома „како ништо да не им се случило“. Услугата во оваа австриска клиника, е на беспрекорно и завидно ниво.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top