МАКЕДОНИЈА

СТОЈАНОВСКА: Целта е нова титула!

foto: FIBA.BASKETBALL

Членот на македонската А селекција се врати во Скопје, повторно ќе биде дел од нејзиниот Бадел, а според најавите од Алексанра Стојановска, јасно е на што ќе цели најтрофејниот клуб во македонската кошарка.

„Ме радува тоа што повторно сум дел од овој тим и што повторно ќе го делам теренот со овие девојки. Се познаваме добро и нашата цел е да дојдеме повторно до нова титула, како во првенството, така и во Купот, доколку истиот се одржи.

Ме радува што има добра конкуренција меѓу екипите и патот кон врвот нема да биде едноставен. Следуваат интересни натпревари во продолжението на шампионатот, а со тоа женската кошарка кај нас заслужува и поголема медиумска поддршка, што досега многу ретко ја имала.“

Првиот кошаркарски медиум во Македонија, порталот basketball.mk несебично ќе се труди да известува од што поголем број натпревари во женска конкуренција, со цел нашите дами да бидат достојно застапени во медиумскиот етер кај нас.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top