ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Што е следно за Јокиќ?

Што е следно за Јокиќ?

сподели
FIBA

Српскиот репрезентативец имаше бледа кампања на 18-то светско првенство, во премиерниот компетитивен филтер, затоа што неговата селекција беше оценета како најдобра на светот, а тој како најдобар играч на турнирот, па сепак Србите испаднаа во 1/4 финалето.

Следува уште еден тежок дел, за репрезентацијата што 17 години чека на златен медал на големите натпреварувања, а ги освојуваше сребрените  медали на претходните европско, светско и олимписко првенство.

Wikipedia

Во борбата за одбрана на гордоста, на која толку често се повикуваат, Србите ќе мора да се соочат со селекцијата на САД, во меч кој беше нарекуван „големото финале“ и толку долго беше најавуван.

Пред враќањето во Денвер и нападот на титулата во НБА лигата, на Јокиќ му претстои битката за пласман од 5-то до 8-то место, во која по пресметката со неговите директни колеги, ќе следува дуел со победникот (ако победи, за 5-то место) или поразениот (ако загуби, за 7-то место) од мечот меѓу Полска и Чешка.