Долгонајавуваната реконструкција на клубот од Градски парк, почнува со двете витални позиции во еден спортски колектив, едната за набавка, а другата за обработка на играчи.
На двете столчиња седнуваат проверени имиња, кои во минатото, додека играа гарантираа титули за Работнички.

Ѓорѓи Чековски – Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.
Тони Симиќ ја презема улогата на прв тренер на екипата, додека на Ѓорѓи Чековски му е доверена ролјата на спортски директор.
Раководството на клубот најави враќање на голема врата и на младинската школа, односно конечно (на есен) старт на изградбата на новата сала.
