Најтрофејната екипа во женската македонска кошарка, минатата сезона мораше да му го отстапи тронот на Вардар, по пет години поминати на врвот.
Во новата сезона, со репрезентативните засилувања во имињата на Стојановска и Трајчевска, тимот на Перо Стамевски повторно е конкурентен.
„Како и секоја година, нашата цел е да се пласираме во финалето на лигата и на Купот, доколку оваа сезона се одигра. Потоа, атакуваме на двојна титула.
Пред се, да се надеваме дека сезоната успешно ќе се одвива, што значи сите да останеме во добро здравје. Пандемијата ни создава огромни проблеми околу тренинзите, а со тоа и на натпреварите.
Добро е што во оваа сезона, квалитетот на екипите, а со тоа и на натпреварите во женската кошаркарска лига, драстично се зголеми. Со тоа се појавува и конкуренција меѓу тимовите, каква досега ретко сме имале.“
