Во 2-рата епизода од Слободни Фрлања гостуваше првиот плејмејкер на КК Пелистер – Бобан Стајиќ.
Со Боби поразговаравме за текот на неговата досегашна кошаркарска кариера во клубовите низ Македонија, кој смета дека е најдобар плеј кај нас, како и за неговата нова улога во приватниот живот – сопруг и татко.
“Само со многу труд, тренирање и напорна работа можете да ги постигнете целите. Никогаш не се откажувајте.” – им порача Боби на младите кошаркари, откривајќи им го стариот добар рецепт кон успехот.
Kонтакт: slobodnifrlanja@gmail.com
Во 2-рата епизода беа собрани 3.800 денари и истите се донирани на сметка за лекување на Елизабета Бабунска.
„Слободни фрлања“ е медиумски партнер со првиот кошаркарски портал во Македонија, basketball.mk. Содржината ја определува стриктно авторот на серијалот и истата е независна од порталот basketball.mk.
