ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Стајиќ е првата преселница во македонската кошарка

Стајиќ е првата преселница во македонската кошарка

сподели

Една недела откако КФСМ официјално стави крај на Првата лига, официјализиран е првиот трансфер за идната сезона.

Досегашниот кошаркар на Кожув, Бобан Стајиќ ја напушти Гевгелија и е нов член на Пелистер. Поранешниот играч на МЗТ Скопје, Работнички и Куманово успешно ги заврши преговорите со битолскиот клуб и се наоѓа пред нов предизвик во кариерата.

Пелистер ја почнаа оваа сезона со високи амбиции, но тие ќе бидат уште поголеми во претстојната натпреварувачка кампања. Приоритет ќе биде пласман во Суперлигата, но од сенка, тимот ќе атакува и на место во плеј-офот.