ПОЧЕТНА ЕВРОПА Србите ќе ги снајде хрватската судбина?

Србите ќе ги снајде хрватската судбина?

сподели
фото: KK Crvena Zvezda

Периодот во кој живееме е тежок на финансиски план, што (уште од економската криза 2008-та) сериозно го погодува и спортот, а кај нашиот северен сосед најмногу би можела да го почувствува кошарката, се зборовите на еден од најдобрите српски тренери во моментов, Драган Шакота:

„Буџетите на клубовите драстично ќе се намалуваат, особено на оние кои зависат од ТВ правата, билетите и другите комерцијални моменти. Државните проекти како ЦСКА, Макаби или Жалгирис, или гигантите Реал Мадрид и Барселона можеби и нема да ја почувствуваат кризата, но овие другите ќе ја доживеат директно.

Драган Шакота (FIBA)

Може и нашите млади кошаркари порано ќе бараат подобра средина, како што тоа го прават хрватските, години наназад. Хрватска има сериозен талент, многу имиња во НБА лигата, но нема домашен тим за високи дострели во АБА лигата или во Европа, што е последица на раниот одлив на млади играчи. Ова може да ни се случи и нам.“ – рече тренерот на Црвена звезда, за српски Журнал.