ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Србите го освоија нивното злато

Србите го освоија нивното злато

сподели
FIBA

Селекцијата на нашиот северен сосед триумфира во првиот меч за пласман од 5-то до 8-то место, против репрезентацијата на САД, со 94:89. Резултатот можеше да биде и поубедлив, ако Србија го продолжеше ритамот од првата четвртина, но можеше и да загуби, ако Американците останеа во ритамот од втората четвртина.

FIBA

Тоа што го видовме во првите 10 минути (32:7) беше атомската кошарка за која се остревме, тоа беше она што требаше да ни го пружат избраниците на Александар Ѓорѓевиќ, но во финалето против избраниците на Грег Попович. Вака, ќе остане што ако беше, а Србија ќе игра за 5-то, додека Америка за 7-то место.

FIBA

Богдановиќ постигна 28 поени со 7/14 тројки, Лучиќ имаше 15 поени, Мициќ имаше 9, Јовиќ и Јокиќ (7 асистенции) имаа исто така по 9 поени, Бјелица и Марјановиќ по 8, а Милутинов 7 поени. Кај индиспонираните јенки, Барнс имаше 22 поена, Вокер имаше 18, а Мидлтон 16 поени.