ПОЧЕТНА ЕВРОПА Спанулис се враќа во грчката репрезентација!?

Спанулис се враќа во грчката репрезентација!?

сподели

По пауза од пет години, можеби и шест ако ФИБА ја оствари најавата за поместување на следниот квалификациски прозорец, легендарниот грчки кошаркар би можел повторно да заигра во националниот тим.

Таква можност најави селекторот Рик Питино кој сака да го има ветеранот во составот за квалификациите за Олимписките игри кои според новиот план треба да се одржат во 2021 година.

„Тој е многу важен играч за мене, сакам да го предводи тимот. Ќе му дадам понуда што нема да може да ја одбие“, тврди Питино.

Спанулис наскоро ќе наполни 38 години, доживеа тешка повреда во текот на оваа сезона поради што беше во прашање доведена и неговата кариера, но изгледа дека уште не планира да се предаде. Последен пат за грчката репрезентација играше на Европското првенство во 2015 година кога селекцијата на нашиот јужен сосед го освои петтото место откако доживеа пораз од Шпанија во четвртфиналето.