ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Шпанија против „Шпанија“ во финалето

Шпанија против „Шпанија“ во финалето

сподели

Светскиот шампион од 2006 и олимпискиот од 2004 ќе се сретнат во натпреварот за златниот медал на Мундобаскетот во Кина.

Неочекуван, не и незаслужен, епилог на првенството на кое требаше да доминираат Србија и САД и тие да се борат за титулата. Но, настрана од САД, Аргентина и Шпанија се најуспешните светски селекции во последните две децении, освоија многу трофеи, извадија голем број квалитетни кошаркари и ја промовираа кошарката како втор најпопуларен спорт, зад фудбалот, во своите земји.

Финалниот меч на Светското првенство ќе биде полн со куриозитети. Од вкупно 24 кошаркари кои ќе бидат во комбинација во двете селекции, 16 минатата сезона играа во шпанското првенство, по осум од двете репрезентации. Надвор се четворицата НБА играчи од НБА (Рубио, Хуанчо и Вили Хернангомес и Марк Гасол), потоа Фјелеруп, Галици и Кафаро кои настапуваат во Аргентина и Луис Скола во Кина.

Уште поневеројатно звучи фактот дека 21 кошаркар од финалистите играле во АЦБ лигата во еден период од своите кариери. Исклучок се тројцата кои се уште се членови на аргентински клубови, но Шпанците се сигурни дека ако не сите тројца, барем еден од нив ќе заигра на Пиринеите.

Најмногу претставници, петмина, ќе има Реал Мадрид: Љуљ, Фернандес, Кампацо, Лапровитола и Дек.