Најтрофејната екипа во нашата кошарка, нема свој период во новата година, затоа што никако не може да го пронајде ритамот и блеснува само на моменти, дома и во АБА лигата.
Во поразот од ТФТ со 73:77 во 18-то коло, Николовски имаше 18 поени, Бундовиќ постигна 15, Мулалиќ 14 поени, Младеновски 10. Балмазовиќ имаше 7, Питс 6 и Ефремовски 3.
