Скопскиот прволигаш најверојатно ја научил лекцијата од минатите искуства на нашите клубови, кои ги менуваа(т) странците редовно како чорапи. Со цел фрмирање респектабилен ростер и за наредната натпреварувачка година, задржан е Амир Смит.
Синот на НБА легендата Џо Смит, останува во скопската населба Тафталиџе во следните две сезони. Можеби го нема потенцијалот на неговиот татко, кој беше прв пик на драфтот 1995-та, но минатата сезона беше најдобар во редовите на екипата од главниот град.
