ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Смарт е паметен и ќе калкулира против Србија

Смарт е паметен и ќе калкулира против Србија

сподели
FIBA

Двете репрезентации што требаше да играат за златото, како што се најавуваше пред почетокот на ова СП, ќе се соочат во првиот од двата меча за пласман од 5-та до 8-та позиција. Во другиот, се соочуваат Полска и Чешка.

Со оглед на тоа дека Американците веќе имаат обезбеден олимписки билет како една од двете американски репрезентации, заедно со Аргентина, а нема да се борат за медал, следува нов бран на калкулации во нивниот ростер.

Покрај ѕвездите што не дојдоа во Кина последен што ќе престане со натпреварување е играчот на Бостон, Маркус Смарт кој имал неколку помали повреди и не сакал да ризикува во мечеви без компетитивност.

Поповиќ, по откажувањето на големите ѕвезди, во првата фаза по групи остана без повредениот Џејсон Тејтум, соиграчот на Смарт од Селтикс, а воедно и дел од другите репрезентативци, на мечот со Франција играа многу малку.