Селекторот на Србија ги одреди имињата на кандидатите за квалификацискиот турнир, за пласман на Олимписките игри во Токио, кои ќе се соберат во српската престолнина на 12-ти јуни.
Србија ќе игра на квалификацискиот турнир во Белград од 29-ти јуни до 4-ти јули, со Доминиканска Република и Филипини, а во групата Б се Италија, Порторико и Сенегал.
Само победникот на турнирот ќе патува за Токио.
Избраните имиња во комбинација за 12-те места во репрезентацијата, се:
Плејмејкери (1): Теодосиќ, Јовиќ, Мициќ.
Бекови (2): Аврамовиќ, Богдановиќ, Анѓушиќ, Јарамаз, Лазиќ, Милосављевиќ, Гудуриќ, Маринковиќ, Недовиќ.
Крила (3): Добриќ, Калиниќ, Лучиќ, Давидовац.
Крилни центри (4): Бјелица, Покушевски, Смаилагиќ, Илиќ.
Центри (5): Петрушев, Милутинов, Марјановиќ, Радуљица, Јокиќ.
Од понуденото на списокот, јасно е дека целата плејмејкерска линија мора да биде дел од селекцијата. Од бековите Богдановиќ е сигурен, Недовиќ и Гудуриќ имаат одлична сезона.
Од центрите, најверојатно Јокиќ и Марјановиќ се во комбинација за петка, а Бјелица за четворка, односно Лучиќ на тројка.
Милутинов е повреден, Покушевски неискусен, Радуљица игра во Кина, другите се релативно анонимни играчи, освен Лазиќ, Добриќ и Давидовац кои имаат добра сезона со Црвена звезда.
