ПОЧЕТНА ЕВРОПА Шлаканица за Олимпијакос, историски ден за Зенит

Шлаканица за Олимпијакос, историски ден за Зенит

сподели
фото: euroleague.net

Неиграњето во грчката елита уште еднаш се покажа дека е голем проблем за еден од најсилните тимови од нашиот јужен сосед. Олимпијакос го претрпе вториот пораз во третиот натпревар во Евролигата, од Зенит на домашен терен со 68:77 по продолжение.

Тоа е прва победа за рускиот клуб во неговата историја кога станува збор за елитното кошаркарско натпреварување. Зенит сезонава дебитира во Евролигата, а во првите две кола загуби од Алба и Барселона.