ПОЧЕТНА Други лиги Шкупи ќе напаѓа со нови сили во двете конкуренции

Шкупи ќе напаѓа со нови сили во двете конкуренции

сподели

Клубот од Чаир најави дека ќе формира респектабилни состави и во машка и во женска конкуренција, во обидот да ја освои титулата кај дамите, а кај мажите ќе брка пласман во Топ 6.

Според најавите, во клубот влегуваат нови акционери и нова управа и со свеж капитал, скопскиот тим ќе се обиде да ги реализира амбициите и целите поставени пред почетокот на сезоните во машка и во женска конкуренција.

Претходната сезона кај мажите, екипата на Шкупи ја заврши на последната позиција на табелата и по регуларниот дел и по плеј-аут лигата, со 28 порази и ниту една победа во минатото првенство на Македонија.

Кај дамите Шкупи се пласира на 8-та позиција на табелата, со 5 победи и со 15 порази. За новата сезона, предвидени се големи засилувања – 6 репрезентативки и 2 кошаркарки од странство, велат претставници на клубот.