ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Скариоло е махерот

Скариоло е махерот

сподели
FIBA

Шпанскиот селектор е најзаслужниот за пласманот на Шпанија во финалето на 18-то СП. Оваа констатација ќе звучи неблагодарно, затоа што играчите изгинаа на теренот, играа две продолженија, но некој мора да ги постави пионите на таблата и кога е најпотребно, да зарие од едниот на другиот крај со кралицата.

Круната на овој меч му припадна на Гасол кој имаше одлична сезона со Торонто, ја освои НБА титулата и сега има прилика да стане вториот НБА играч (Ламар Одом) и со светската репрезентативна титула во иста година. Марк постигна 33 поени со висок процент на реализација, со 6 скока, 4 асистенции, 2 украдени топки и најпотребните кошеви за одржувањето на рамнотежата и за предноста.

FIBA

Помладиот Гасол одигра скоро 39 минути, блиску беше и подзаборавениот Фернандез, реинкарнираниот Рубио нешто над 38, Клавер безмалку 38, Љуљ малку под 36 минути. Ова беа петте пилари на играта на Скариоло, на кои италијанскиот мајстор за палаканестро, им веруваше најмногу и го поплочи патот до финалето, каде ќе решаваат инспирацијата и мотивацијата.

Тој не згреши, а тие се радуваат двојно – освоија сигурен медал, најмалку сребро, но ќе играат и имаат огромна шанса да го освојат и златото затоа што без разлика која селекција ќе помине од другото полуфинале, што се игра меѓу Аргентина и Франција, не е невозможно да се победи, односно со оглед на уиграноста, шансите се на страната на Шпанија.