Играчот на Барселона и наш сениорски репрезентативец, обезбеди пласман во последниот натпревар на јуниорскиот турнир во елитното европско натпреварување, откако тој и неговите соиграчи славеа против српскиот тим Мега со 79:77.
Теодор Симиќ (214, 2004) постигна 4 поени за 11’22” поминати во игра, патем имаше и 3 скока. На другата страна на костурот најусепешен беше Реал М., кој победи против екипата на Црвена звезда со 83:71, за шпанско финале во Валенсија.
