Пресметката на двете македонски кошаркарски легенди, заврши со триумф на предводникот на клубот рекордер според титулите во македонската кошарка. Работнички славеше кај МЗТ Скопје 2 со 78:85, во првото коло од новиот прволигашки шампионат.
Тони Симиќ го надмудри Перо Блажевски, во дуелот на двата нови стратега на овие две екипи. Ренсон пирово беше најдобар стрелец со 21 поен кај поразената екипа, а го следеше Петровски со 18. Кај гостите, Марковски беше најдобар стрелец со 15 поени.
