ПОЧЕТНА ЕВРОПА Силен удар од ФИБА за УЛЕБ

Силен удар од ФИБА за УЛЕБ

сподели

Три реномирани европски клубови кои во минатото учествуваа во натпреварувањата на УЛЕБ, одлучија претстојната сезона да настапуваат во Лигата на шампионите на ФИБА.

Станува збор за два поранешни освојувачи и еден финалист на Еврокупот: турската Дарушафака (титула во 2018 година), литванскиот Ритас (титули во 2005 и 2009 година) и шпанскиот Билбао (финале во 2013 година). Раководството на Дарушафака пред извесен период го најави ваквото сценарио, откако почнаа шпекулациите дека завршницата од Еврокупот ќе се одржи во Белград.

ФИБА не планира тука да застане. Специјализираниот кошаркарски портал sportando.net објави дека покани за настап во Лигата на шампионите се испратени и до учесниците во АБА: Партизан, Будуќност и Олимпија.