МАКЕДОНИЈА

СИЛАЃИ: Ќе кажам само неколку кратки зборови…

фото: КК Пелистер

Српскиот интернационалец ги смени боите во македонскиот шампионат и се пресели во Битола, од Гевгелија. Ќе настапува за зелените од Пелистер, каде дојде од црвените од Кожув.

За првиот кошаркарски медиум во Македонија, кратко изјави:

„Во неколку кратки зборови – им благодарам на соиграчите и управата на КК Кожув за убавата соработка во изминатите 4 месеци. За мене е чест што Пелистер ме повика. Ќе дадам се што знам и умеам, да ја донесеме титулата во Битола!“

Никола Силаѓи (208, 1992) ја почна кариерата во ФМП, а оваа натпреварувачка година во нашиот најтопол кошаркарски град.

Во Гевгелија се шпекулира со ново име, кое би го заменило Србинот, но овие информации се уште се неофицијални.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top