ПОЧЕТНА ЕВРОПА Си оди најдолговечниот тренер во АБА лигата

Си оди најдолговечниот тренер во АБА лигата

сподели

По осум години на клупата, Дејан Милојевиќ одлучи да ја напушти Мега и својата кариера да ја продолжи во САД.

Во овој период поранешниот југословенски репрезентативец стана заштитен знак на клубот и го однесе до најголемите успеси во неговото постоење. Неколку пати претходно истакнуваше дека планира да замине на американскиот континент поради што оваа одлука не е големо изненадување.

Со осум години на функција, Милојевиќ до оваа сезона беше тренер со најдолг стаж во една екипа од АБА лигата. Пред да стане шеф на стручниот штаб, уште две години беше спортски директор на клубот. Во 2016 година го освои Купот на Србија, а низ неговите раце помина моментално најголемата српска кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ кој директно од Мега се пресели во НБА лигата

Наследник на Милојевиќ ќе биде поранешниот тренер на Партизан, Влада Јовановиќ кој, исто така, е познат по добрата работа со млади играчи, нешто што е од исклучителна важност во тимот на Мега.