Во 1-то коло од новата сезона во македонското првенство, Академија ФМП гостува кај дебитантот КК Феникс 2010.
„Очекувам добар натпревар и добар почеток на сезоната, после два месеци припреми со нетрпение го очекуваме почетокот на сезоната. Имаме една година повеќе искуство во лигата и новите играчи одлично се вклопија во новата средина. Задоволен сум од досегашната работа на играчите и од прикажаното во подготвителниот период. Очекувам добра сезона која треба да биде понапорна од претходната, бидејки настапуваме на два фронта Посакувам успешно да ја отвориме сезоната во сабота.“ – изјави тренерот Александар Петровиќ.
Славчо Темелковски настапува 2-ра сезона за ФМП и вели дека ќе се гледа возбудлив и интересен натпревар за публиката.
„Играме против екипа која за првпат настапува во првата лига и сигурни сме дека ќе влезат многу мотивирани и со енергија. Станува збор за екипа која игра модерна и брза кошарка со организирана транзиција во напад и борба за секоја топка. Сепак на наша страна е квалитетот и искуството на екипата надополнета со нашата препознатлива енергија и цврста одбрана. Треба да обрнеме внимание на скок играта и дефанзивната транзиција и сметам дека победата е неизбежна. Едно можам да гарантирам, а тоа е дека не очекува возбудлив и интересен натпревар за публиката и дека ќе уживаат во добра кошарка.“
Дуелот меѓу Феникс и Академија ФМП се игра од 14:00 часот.
