ЦОГОЛЕНД

Сезоната беше одлично организирана, а нашата екипа гледа само нагоре

Нашиот 3х3 колумнист, кој за basketball.mk редовно информира и коментира за светските 3х3 случувања, го дава завршниот збор за летната македонска 3х3 сезона 2021, која е зад нас.

Пред се, мора да ја пофалам целокупната организација од страна на 3×3 Macedonia заедно со кошаркарската федерација. Ова и е потребно на нашата земја, со цел да се развива дисциплината која е широко прифатена во светски рамки.

Што се однесува до нас како екипа, мислам дека имавме многу осцилации во играта во финалето. Полека ја кревавме формата во текот на целиот турнир, на некои дуели игравме многу добро, но што се однесува до финалниот натпревар против Casa Bar 3×3, концепцијата се сруши во последните 2 минути. Имавме водство и се опуштивме при 17:11, што не смее да се случи, а на крајот дојде и казната.

Како екипа, Kino Vlae 3×3 не е задоволна од второто место. Сепак, главата горе и одиме понатаму, знаеме кои сме и што сме. Ќе се потрудиме да го поправиме ова, веќе на следниот турнир. Ова е пред се спорт и вакви нешта се неизбежен и составен дел од секое натпреварување.

Следен предизвик ни е големиот финален турнир во Белград на 13/14 ноември 2021, каде ќе има екипи од целиот свет и тоа ќе биде голем предизвик за нас. Воедно, се надеваме и на брз почеток на зимската лига во Македонија, ни горат патиките и со нетрпение очекуваме враќање на терените кај нас.

НАПОМЕНА: Фотографиите се сопственост на 3×3 Macedonia и не смее да се користат без нивна дозвола.

ФОТО: Александар Ристовски

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top