Македонската јавност на големо шпекулира дека репрезентативниот капитен ќе потпише за МЗТ Скопје. Ова не е ништо ново, затоа што уште веднаш по повредата, блиските со семејството Стојановски ги дознаа желбите на еден од родителите на Војдан – тој да биде поблиску до нив, затоа што полека влегува во ровита ветеранска фаза од кариерата.
Освен тесната врска со неговите најблиски, контактот со и потеклото од населбата во која егзистира актуелниот македонски шампион и во моментов единствената македонска екипа што целосно личи на еден светски спортски колектив, е уште еден аргумент плус, управата на штрковите да го обзбеди најзвучното засилување во поновата историја.
Ако металците потпишат со репрезентативецот Војдан Стојановски, тоа ќе биде сериозен потег на управата која само ќе продолжи по стапките на претходниците (од освојувањето на првата титула) – да се собира сиот македонски играчки крем, да се жнеат титулите и достојно да се претставува Македонија во регионалните натпреварувања.
