ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Се се измести – сега Србија навива за САД!

Се се измести – сега Србија навива за САД!

сподели
FIBA

Со поразот од Аргентина европскиот вицешампион ги загуби шансите за медал во Кина, но ќе мора да вложи дополнителен напор за да се пласира на Олимписките игри во Токио.

Директен пласман таму обезбедуваат двете најдобри селекции од Европа на овој Мундобаскет, Шпанија е една од нив, а Србите се надеваат дека ќе бидат втори. Но, за тоа им треба помош од репрезентацијата која се надеваат дека ќе ја победат на овој шампионат – САД.

Американците играат против Франција и мораат да победат не само поради себе, туку за да и направат услуга на Србија. „Орлите“ ќе чекаат услуга и од Австралија која е фаворит во дуелот со Чешка.

Ако нема изненадувања, во борбата за пласман од петтото до осмото место ќе играат Србија-Франција и Чешка-Полска. Најдобриот од овој круг ќе игра на Олимписките игри идната година. Останатите, заедно со уште 13 репрезентации од цел свет ќе учествуваат на квалификациските турнири идната година.