ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Се им тргна надолу на Србите, ама барем ќе гледаме спектакл

Се им тргна надолу на Србите, ама барем ќе гледаме спектакл

сподели
FIBA

За само два дена Светското првенство остана без двата најголеми кандидата за титулата – САД и Србија.

Очекувавме тие да се сретнат во полуфиналето, но ќе играат за пласман од петтото до осмото место, односно во првиот натпревар од борбата за повисока позиција која не носи ништо значајно.

Од ваквиот развој на настаните најсреќни се неутралните љубители на кошарката кои, сепак, ќе ја добијат својата награда за упорното следење на Светското првенство во Кина, едно од најслабите во поновата историја, но полно со изненадувачки резултати. Проектираното финале ќе се игра, но сега без никаков резултатски императив и со можност кошаркарските фанови да уживаат во уште една пресметката на двете светски велесили.

Србија нема шанси да се пласира директно на Олимписките игри бидејќи таму ќе бидат Шпанија, Франција или Чешка. САД се веќе пласирани, па можат до крајот на првенството да играат растоварено кога веќе ја загубија титулата.