ЕВРОПА

Сарагоса со многу епитети го претстави Македонецот

foto: @Casademont Zaragoza

Шпанскиот АЦБ лигаш му приреди топло добредојде на нашиот репрезентативец, Американецот со македонски пасош Џејкоб Вајли, кој според досега прикажаното ќе биде одлично засилување за што подобар пласман на екипата во шпанскиот шампионат.

„Среќен сум што повторно играм и што сум дел од оваа екипа на Сарагоса. Секогаш кога сум на теренот, сакам да дадам се од себе.“ – беше кратката изјава на најновиот член на македонската кошаркарска репрезентација.

Вајли веќе одигра еден натпревар во рамките на Лигата на шампионите на ФИБА, во победата на Сарагоса кај Динамо Сасари, со 83:95.

Американецот игра одлично во Шпанија, имаше одличен настап и во Перм. Ако продолжи во овој стил, може да биде од голема помош за Македонија, во следниот квалификациски циклус.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top