ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шампионската титула за Рајковиќ!

Шампионската титула за Рајковиќ!

сподели

Кошаркарската федерација на Казахстан донесе одлука за прекин на националното првенство, но за разлика од Македонија, прогласи шампион за оваа сезона.

Титулата оди кај екипата на Астана која две сезона ја предводи македонскиот стручњак Емил Рајковиќ. Во моментот на прекин на првенството поради корона вирусот, екипата бешу убедливо на првото  првенство, со 19 победи и само еден службен пораз во последниот меч. Ова значи дека Рајковиќ го одбрани трофејот во домашниот шампионат бидејќи и лани триумфираше во него, во својата дебитантска сезона во Казахстан.

За Рајковиќ ова е петта титула во неговата тренерска кариера откако три освои со Фени Индустри во 2008, 2010 и 2011 година. Астана го освои осмиот шампионски трофеј во казахстанското првенство. Во неговиот стручен штаб оваа сезона беа уште Сашо Тодоровски и Борче Даскаловски.