Во натпревар кој изобилуваше со многу прекини и лични грешки, особено во втората четвртина, МЗТ Скопје во Аеродром со камата и се реваншира на ФМП Академија за поразот пред 20 дена, со 95:61 во заостанатиот меч од 6-то прволигашко коло.
Крстевски и Мекиќ постигнаа по 17, а Стојановски 15 поени за домаќинот. Крстајиќ со 12 поени не беше на своето вообичаено ниво и тоа беше клуч за лошата офанзивна игра на гостите, кај кои Херис постигна 13 поени, а Атанасов имаше 10 поени.
