МАКЕДОНИЈА

Шампионот е шампион, дури и кога ќе го отпишат

фото: КК Пелистер (Facebook)

Актуелниот македонски првак најде сила во најскриените одаи на телата на кошаркарите, да се справи со екипата што цела сезона царуваше во македонската лига. Никој никогаш не смее да го отпише шампионското срце.

МЗТ Скопје Аеродром славеше со огромни 72:79 среде Битола и поведе со 1:0 во полуфиналната серија против Пелистер. Аеродромци играа без повредениот Карачиќ, кај битолчани дебитира новиот тренер Небјша Видиќ.

За гостите, најдобри стрелци беа Бојиќ и Стојановски со по 17 поени, а Кесар и Калахан постигнаа по 16 поени кај домаќините. Вториот натпревар во серијата до две победи, се игра на теренот на металците, на 28-ми мај.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top