Битолската екипа е хит сезонава и лидер во прволигашката конкуренција, нема противник што не може да го победи, но мора да внимава на нагазните мини како што беше кавадаречката, поставена во непријатен момент, за пораз од 116:122 по три продолженија.
Кесар постигна 33 поени, Малешевиќ имаше 30, Трајковски беше стандарден со 19, Калахан од клупата додаде 18 поени. Стајиќ имаше 9 од првата петорка, Вилијамс постигна 2 поена. Уште само Николиќ, од клупата, им се приклучи на стрелците со 5 поени.
