ПОЧЕТНА ЕВРОПА Само еден играч е подобар од Димитријевиќ во Еврокупот

Само еден играч е подобар од Димитријевиќ во Еврокупот

сподели
фото: Juventut Badalona

Признанието за МВП на колото ќе беше круна на фантастичното издание на нашиот кошаркар во дуелот со Нантер.

За жал не успеа да дојде до него поради Мичел Вот кој блесна во Белград и е единствен играч во шестиот круг со подобар индекс од Нено Димитријевиќ. Кошаркарот на Венеција оствари 37, а плејмејкерот на Хувентуд стигна до 29, заедно со Грент Џерет од Улм.

Димитријевиќ е и трет стрелец во ова коло со 23 поени, повеќе од него имаат само Вот (27) и Џастин Кобс од Будуќност (26).