Поранешниот македонски репрезентативен центар потпиша за екипата на Јени Мамак од Анкара, каде се пресели од СамсунСпор. Македонецот доаѓа на местото на Ентони Ли, кој поради повреда се враќа дома во САД.
Ли (29, 206) претходно беше најдобар скокач (9.53 по натпревар) и играч со највисок индекс на ефикасност (22.79 во просек) во новата екипа на Самарџиски (34, 215), кој доаѓа како алтернатива под кошевите на позицијата 5.
Предраг Самарџиски е клиент на кошаркарската агенција на Владимир, синот на поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Жарко Лукајиќ кој беше наследен на клупата на МЗТ, од сега исто така поранешниот тренер на металците, Ѓорѓи Кочов.
