МАКЕДОНИЈА

САМАРЏИЕВ: За нас, финалето е како титула!

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Стратегот на екипата од Кавадарци, успеа од просечен тим да создаде претендент за највисоки дострели. По завршувањето на финалната серија во која првите два меча завршија тесно, во кои неговиот состав имаше и двоцифрена предност, а третиот веќе беше „невозможна мисија“, изјави:

„Заслужено стигнавме до финалето, што и го потврдивме на паркетот. Сигурно немаше да биде незаслужено ако победевме на некој меч во финалната серија, но пресуди подолгата клупа на противникот. Тешко е кога ќе загубиш, но спортски е да се прифатат поразите. За мене е најважно што игравме добра кошарка. Создадовме тим кој го красеа другарството и хемијата, игравме како еден. Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил. За нас играњето во финалето, е како да сме станале шампиони, бидејќи првичната амбиција ни беше да влеземе во Суперлигата, а потоа и меѓу четирите најдобри.“

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top