Тренерот на кавадаречката екипа во нашата прва машка лига, најдобро знае како се совладуваат фаворити, затоа што милион пати го правеше тоа додека ги носеше дресовите на Работнички и Фени Индустри.
По триумфот во Битола, по трите продолженија против Пелистер (116:122), ни изјави:
„Сакам да им ја честитам победата на моите играчи, извојувана на тешкиот терен во Битола, против моментално најдобриот тим во Македонија. Нашиот тим покажа карактер и ќе гледаме овој ритам да го држиме до крајот на сезоната.
Се покажа дека оваа година нема фаворити и дека секој секого може да победи, во нашата Прва лига. Оваа сезона е чудна, но мое мислење е дека во моментот има премногу заостанати натпревари и тоа не е добро за некои тимови.
Но, што е, тука е. Мора да се навикнеме на овој начин и ритам на игра. Уште еднаш честитки до Еуро Никел и можам само да ветам уште поголема борба од мојот тим, во продолжение, бидејќи само таквиот пристап е вистинскиот пат кон успехот“.
